Венгер: Како ги поминува Ферги деновите?
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, рече дека се уште не планира да се пензионира.
Французинот се запраша како Сер Алекс Фергунсон ги минува деновите во одмор.
Фергусон ја заврши тренерската кариера пред две години, додека Венгер се уште не планира да тргне по неговите стапки.
„Понекогаш се прашувам што работи тој во текот на деновите“, вели искусниот фудбалски стручњак.
„Но, по се изгледа дека е среќен во пензијата“, додава предводникот на Топџиите.
„Има среќа што го интересираат и коњи, затоа кога станува наутро може да јава коњ или да тренира“, нагласи Венгер.
„И јас ги сакам коњите, но не идам на трка, можам да се пофалам дека јавав кога бев дете, но сега мојот грб не би го поднел тоа“, рече Венгер.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа