ВИДЕО: Барселона нов шампион на Шпанија
Екипата на Барселона е нов шампион на Шпанија откако на едно коло до крајот на Примера има недостижна предност во однос на Реал Мадрид.
Барселона синоќа во дуелот од 37-то коло го победи ланскиот првак Атлетико Мадрид со 1:0 на „Висенте Калдерон“, а стрелец на единствениот гол беше Лионел Меси.
Реал Мадрид оствари победа на гостувањето кај Еспањол со 4:1, но разликата во бодови остана четири во корист на Барселона.
Резултати 37 коло: Атлетико Мадрид – Барселона 0:1, Кордоба – Рајо Ваљекано 1:2, Елче – Атлетик Билбао 2:3, Еспањол – Реал Мадрид 1:4, Хетафе – Еибар 1:1, Депортиво – Леванте 2:0, Реал Сосиедад – Гранада 0:3, Севиља – Алмерија 2:1, Валенсија – Селта 1:1 и Виљареал – Малага 2:1.
Табела: Барселона 93 бодови, Реал Мадрид 89, Атлетико Мадрид 77, Валенсија 74, Севиља 73, Виљареал 60,...
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа