ФОТО: Шампионско славје на Вардар
Екипата на Вардар е нов фудбалски шампион на Македонија откако славеше против Ренова на „Филип Втори“ со 4:1.
Ова е осми трофеј во историјата на „црвено-црните“ и убедливо се на првото место по пехари во македонскиот шампионат.
Од соблекувалната после натпреварот ечеше: „Шампионе, шампионе, оле оле оле...“. Играчите славеа со шампанско заедно со стручниот штаб и сите кои се грижат фудбалерите да ги имаат потребните услови за да се дојде до овој успех.
Сега на екипата и останува уште да го доигра мечот со Силекс, и потоа фудбалерите одат на заслужена пауза пред стартот на летните подготовки на кои главен акцент ќе се стави на Лигата на шампионите.
Својот противник Вардар ќе го дознае на 22 јуни кога е ждрепката.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа