Финални натпревари од ракометниот Куп на Македонија
Финалните натпревари од ракометниот Куп на Македонија ќе се одиграат попладнево во СЦ „Јане Сандански“. Први на теренот ќе се појават ракометарките. Почетокот на финалето меѓу ЖРК Вардар и ЖРК Металург е во 15 часот.
ЖРК Вардар во полуфиналето вчера го победи Вардар СЦБТ (вториот тим) со 39:26, а ЖРК Металург го совлада Пелистер со 44:19.
Во машкото финале ќе играат Вардар и Металург, а дуелот ќе почне во 18:30 часот. Во полуфиналето Вардар го победи Зомимак со 46:25, додека Металург беше подобар од Тинекс Пролет со 24:20.
Оцени ја веста
16.05.2015 - 10:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа