ВИДЕО: Тренер изнајмил кран за да го гледа својот тим
Еден тренер на турски третолигаш изнајмил кран само да го гледа својот тим.
Тимот се вика Беледијеспор и игра плеј-оф за пополнување на втората лига за следната сезона. На 7-мај оваа екипа се соочи со две казни, едната беше затворање на трибините за публиката, а втората е забрана за тренерот да ја води екипата цели 285 денови.
Значи, бидејќи не смееше да седи на клупата на мечот од плеј-офот, а со оглед на тоа дека и трибините беа затворени, тренерот Хамит Ишик дојде до генијална идеја.
Имено, тој плати кран и човек да управува со него, два часа, односно додека се одигра натпреварот.
Мечот се играше против Дарица Генчебирлиги, а првиот натпревар од плеј-офот на кој Беледијеспор беше домаќин заврши 0:0.
Видеото можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа