Ракометарките на Металург се пласираа во финалето на Купот на Македонија
Ракометарките на Металург се првите кои обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција.
На завршниот турнир од 23-то издание на ракометниот Куп на Македонија кој стартуваше вчера со полуфиналните средби во машка конкуренција, денеска на програмата се полуфиналните мечево кај дамите.
Во првиот, одигран попладнево во СРЦ „Кале’’ во Скопје, ракометарките на Металург ја победија екипата на Пелистер убедливо со 44:19, полувреме 22:11 и се изборија за утрешното финале.
Македонската репрезентативка Јована Саздовска со 14 голови беше најефикасна на натпреварот и во победничкиот тим, додека на спротивната страна Викторија Мурговска постигна 12 од 19-те гола на Пелистер.
Во вториот полуфинален натпревар кој ќе започне од 19 часот и 30 минути ќе играат двете екипи на ЖРК Вардар.
Финалниот натпревар во женска конкуренција ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански’’, со почеток од 15 часот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа