ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Фудбалер почина откако удри со глава во заштитна ограда

 

Аргентинскиот фудбалер Емануел Ортега (21) почина по 15 дена откако се здоби со повреди кобни за неговиот живот.

Имено, Емануел Ортега, кој настапуваше за нисколигашот  Сан Мартин де Бурзако,  по дуелот со противнички играч од тимот на Јувентуд Унида, со главата удри во т.н заштитен ѕид кој се наоѓа непосредно до аут-линијата.

Сето тоа се случуваше пред две недели, а тамошните медиуми јавија дека Ортега починал вчера поради кобните повреди кои ги добил при овој удар со глава во ѕид.

Според информациите, сите натпревари во Аргентина планирани за викендов се одложени.

 

 

 

Оцени ја веста

15.05.2015 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега