„Македонецот“ Павловски: За мене постои само Србија
Фудбалерот на Порто и некогашен капитен на младинската селекција на Србија, Марко Павловски уште еднаш ја „откачи“ Македонија. Со оглед на тоа дека секој фудбалер, додека не настапи за сениорскиот тим има право да бира за која репрезентација ќе настапи, уште во времето на Чедомир Јаневсски ФФМ се обиде да го привлече Павловски да игра за Македонија.
Селектор на таа селекција беше Љубинко Друловиќ, кој сега е на клупата на Македонија. Фудбалската јавност во нашата земја, но и во ФФМ се понадеваа дека конечно Павлоски ќе одлучи да игра за Македонија.
Сепак, младиот фудбалер во интервјуто за српски „Спорт“, на ова прашање категорично одговори:
-Роден сум во Србија, играв за Србија и за мене постои само Србија, категоричен е Павловски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа