По препораки на МВР фудбалските натпревари во сабота и понеделник без гледачи

 
Фудбалската федерација на Македонија преку својата интернет страница објави известување дека согласно безбедносни препораки од Министерството на внатрешни работи на Македонија, сите закажани натпревари во Прва МФЛ и Втора МФЛ ќе се играат без присуство на гледачи во закажаните термини.
 
Натпреварите од 31.коло од Првата фудбалска лига планирани се да се одиграат на 16.мај (сабота) и на 18.мај (понеделник), додека дуелите од 26.коло од Втората фудбалска лига планирани се да се играат на 16.мај (сабота). 
 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега