Баерн победи, Барселона во финалето на Лигата на шампионите

 

Фудбалерите на Баерн остварија победа од 3:2 синоќа во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите, но пласман во финалето избори Барселона бидејќи вкупниот резултат е 5:3. Со ова е прекината серијата од 18 натпревари без пораз на „каталонците“.

Баерн поведе во 7.минута со голот на Медхи Бенатија, но Барселона „одговори“ со двата гола на Нејмар во 15.минута и 29.минута со кои практично го обезбеди патот за финалето. Во вториот дел Баерн сепак стигна до победата со головите на Роберт Левандовски во 59.минута и на Томас Милер во 74.минута.

За Барселона ова е осмо финале, а досега има четири титули европски шампион последната освоена 2011 година. Финалето ќе се игра на 6 јуни на Олимпискиот стадион во Берлин.

Вечерва во второто полуфинале играат европскиот првак Реал Мадрид и Јувентус. Предност од 2:1 од првиот дуел има Јувентус.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега