Шкендија го победи Вардар, Работнички на три бода негатива

 

По поразот на Вардар во дербито со Шкендија, како и триумфот на Работнички над Металург, во дуелите од 30. коло на Првата македонска фудбалска лига, вардарци сега имаат само три бодови повеќе од „Романтичарите’’ во трката за шампионскиот трофеј.

Натпреварот од плеј-оф конкуренцијата, одигран попладнево во Кичево, во кој Шкендија го победи Вардар со 1:0, беше решено во самиот финиш, односно 81-минута, по соло акцијата на Џелил Абдула.

Поразот на Вардар му оди во полза на градскиот ривал и актуелен шампион Работнички кој со головите на Баже Илиоски (11-минута) и Чума Анене (61) го победи Металург со 2:0.

На последниот меч од оваа рунда, одигран во Боговиње, екипата на Силекс ја изненади Ренова и ја победи со 1:0 со погодокот на Филип Дурански во 38-минута .

На две кола до крајот на шампионатот Вардар и натаму е водечки со 65 Бодови, сега само три повеќе од Работнички кој сега има 62. По нив следуваат Шкендија 56 , Ренова 47, Силекс 37 и Металург 33 .

Натпреварите од следното 31.коло, наместо во недела, ќе се играат во сабота и понеделник.

За во сабота (16.30 часот) закажани се натпреварите Вардар – Ренова и Работнички – Шкендија, додека дуелот Металург – Силекс ќе се игра во понеделник.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 19:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега