Баерн пред тешка задача во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите

 
Германскиот шампион Баерн се наоѓа пред тешка задача во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите бидејќи доколку сака пласман во финалето ќе мора да ги анулира 3:0 на Барселона од првиот дуел пред шест дена. Досега ниту една екипа во Лигата на шампионите не успеала да надомести пораз од 3:0 од првиот натпревар.
 
Дополнителен проблем за „баварците“ се и повредените шест играчи. За разлика од нив Барселона е комплетна, а во двата тима нема ниту еден казнет играч (поради картони).
 
Натпреварот се игра на „Алијанц Арена“ во Минхен, а ќе го суди Англичанецот Марк Клатенбург. Почетокот е во 20:45 часот.
 
Во второто полуфинале утре играат европскиот шампион Реал Мадрид и Јувентус. Предност од 2:1 од првиот дуел има Јувентус.
 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега