Познати термините за ракометната куп завршница

 
Ракометната Федерација на Македонија денеска ги објави термините за завршните натпревари од Купот на Македонија во двете конкуренции. Натпреварите ќе се играат од 14 до 16 мај во скопските сали СРЦ „Кале“ и СЦ „Јане Сандански“.
 
Први на теренот во СРЦ „Кале“ на 14 мај ќе се појават машките екипи. Во првото полуфинале од 17 часот играат Металург и Пролет, додека од 19:30 часот е дуелот на бранителот на Купот Вардар против Зомимак.
 
Во петок на 15 мај се играат женските полуфинални дуели: Металург – Пелистер (17 часот) и ЖРК Вардар – СЦБТ Вардар (19:30 часот).
 
Финалните натпревари на програмата се во сабота на 16 мај. Женското финале се игра во терминот од 15 часот, а машкото финале почнува во 18:30 часот. Двата финални дуела ќе се одиграат во СЦ „Јане Сандански“.
 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега