Прволигашите ги играат натпреварите од 30. коло од плеј офот

 

Одложените натпревари од неделата од плеј офот во фудбалскиот шампионат на Македонија поради безбедносната ситуација во Куманово ќе се одиграат попладнево.

Дербито на 30.коло од плеј офот ќе се игра во Кичево меѓу Шкендија и Вардар, а од безбедносни причини во договор со МВР и со клубовите и со ФФМ решено е да се игра без публика. Лидерот на табелата Вардар има шанса по ова коло да ја прослави новата титула, а доколку не победи, ќе го очекува и исходот од дуелот на шампионот Работнички со Металург. Овој натпревар се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

Третиот натпревар од плеј офот се игра во Боговиње меѓу Ренова и Силекс. Почетокот на сите натпревари е во 16:30 часот.
Во неделата се одиграа натпреварите од плеј аут лигата: Хоризонт Турново – Тетекс 2:0 и Пелистер – Брегалница 0:1.
 
Табела плеј оф: Вардар 65 бодови, Работнички 59, Шкендија 53, Ренова 47, Силекс 34, Металург 33.
 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега