Мејведер: Пакиао е кукавица
Американецот Флојд Мејведер изјави дека неговиот противник Мани Пакиао е кукавица која не знае да го признае поразот и додаде дека не сака нов меч со него.
Мејведер минатиот викенд успеа да го победи Пакиао по 12 рунди во борбата на векот одежана во Лас Вегас.
„Да реков дека повторно ќе се борам со Пакиао, како и да е се предомислив“, вели искусниот Мејведер.
„Во овој момент мислам дека нема да има ниту борба, бидејќи тој е кукавица и губитник“, додава шампионот.
„Доколку игубиш, признај го поразот и речи „Флојде, беше подобар“, рече најбогатиот боксер во разговорот со Џим Греј.
Мејведер смета дека тврдењата дека Пакиао боксираше повреден се само изговор.
„Тоа се само изговори, затоа што Пакиао знае дека загуби“, вели победникот во бокс дуелот.
„Не приметив дека има некакви проблеми со повреда, го загуби почитувањето кое го имав кон него“, рече Мејведер.
Филипинскиот боксер по борбата изјави дека себе си се смета за победник, додека Мејведер му одаде признание на својот ривал.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа