Пауел подготвен за пресметката со Болт

 

Поранешниот светски рекорд на 100 метри,  Асафа Пауел го истрча најдоброто време сезонава,  9,84 секунди,  со што најави дека ќе биде сериозен конкурент на својот сонародник Усеин Болт. 

На меѓународниот митинг во Кингстон,  32-годишниот атлетичар од Јамајка,  го освои првото место,  пред Американецот Рајан Бејли кој заостана 9-стотинки и сонародникот Неста Картер кој имаше 1 секунда и 14 стотинки послаб резултат од Пауел. 
Ова е најдоброто остварување на Пауел во последните пет години,  а неговиот личен рекорд изнесува 9,72 секунди. 
Пауел  минатата година беше суспендиран на 18 месеци,  поради користење на недозволени стимулативни средства во текот на 2013 година,  но откако тој објасни дека тоа не го направил свесно, односно дека пронајдените ,,стимуланси,, биле во исхраната која ја користел,  Арбитражниот суд ја намали казната на шест месеци. 
Сега светската спортска јавност со нетрпение го очекува првиот дуел на Пауел и Болт,  чиј актуелен рекорд изнесува 9,58 секунди.
 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега