Нов смртен случај на фудбалските терени во Белгија
Фудбалерот на белгискиот нисколигаш Вилријк-Бершот Тим Нико починал како последица на срцев удар.
Нико минатата недела учествувал на турнир со својот клуб во Хемиксен. Во текот на мечот одигран во петокот се срушил на теренот, а веднаш во безсознание бил префрлен во болница.
Белгиските медиуми наведуваат дека лекарите го ставиле момчето родено 1991.година во вештачка кома, но клубот се огласил дека Нико починал како последица на срцев удар.
Кон крајот на месец април фудбалерот на Локерен Грегори Мертенс почина во болница откако доживеал срцев удар за време на фудбалски меч.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа