Ѓоргиев: Овие дв гола се замојот загинат другар Нено

 

Повремениот македонски репрезентативец Драган Ѓоргиев е херојот на Хоризонт Турново во денешната повеќе од значајна победа против Тетекс, а головите му ги посвети на поранешниот соиграч, загинатиот полицаец Ненад Серафимовски, пренесува Екипа.

Влезе во игра во второто полувреме и со два погодоци во самиот финиш донесе три бода, и тоа како неопходни во битката за опстанок.

„Постигнав два гола за победа. Мора да кажам дека како Господ да беше со мене. Играв под притисок поради случувањата во земјата и поради загубата на еден мој добар пријател. Токму затоа сега двата погодоци ги посветувам на мојот поранешен соиграч и пријател Ненад Серафимовски со кого минавме заедно еден период во Турново. Секогаш ќе остане запаметен кај сите нас во Турново како еден голем пријател и фудбалер кој секогаш беше посветен на тимот. Нека почива во мир и вечна му слава“ – вели Ѓоргиев за Екипа

 

 

 

 

Оцени ја веста

11.05.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега