ЖРК Вардар очекува поддршка од околу 800 навивачи

 

Од пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ вечер од 20 часот за Будимпешта ќе тргне експедицијата навивачи на „црвено-црните“.

- Ги известуваме нашите навивачи, кои купија билет за натпреварите од Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, дека тргнувањето за Будимпешта ќе биде на 7 мај (четврток) во 20 часот, пред СЦ „Јане Сандански“, информираат од ЖРК Вардар.

Клубот обезбеди билети и организира неколку различни аранжмани, а според покажаниот голем интерес се очекува во  салата „Ласло Пап“ да има околу 800 фанови на Вардар.

Полуфиналето меѓу Вардар и Будуќност се игра в сабота во 16 часот и 45 минути.

 

 

Оцени ја веста

07.05.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега