Шпанската Примера привремено суспендирана
Фудбалската федерација на Шпанија ја суспендира Примера лига, почнувајќи од 16 мај. Тоа значи дека нема да се одиграат завршните две кола од Примера, како и финалето на Купот меѓу Барселона и Атлетик Билбао, кое треба да се игра на „Камп Ноу“.
Причината за суспензијата е одлуката на Владата на Шпанија, со која сите 20 клубови во Примера ќе добијат еднаков дел од парите од ТВ правата, а на федерацијата ќе и припадне 4,55 %. Ова е голема промена од досегашниот модел, според кој Барселона и Реал Мадрид добиваа најмалку три пати повеќе финансиски средства од останатите клубови.
На челниците на шпанскиот фудбал им пречи што владата на Шпанија воопшто не ги консултирала при изготвувањето на новата одлука, па истакнаа соопштение во кое наведуваат дека федерацијата не добила ниту минимум почитување.
Во претпоследното коло од Примера треба да се одиграат најинтересните мечеви кои можеби и ќе го одредат идниот шампион. Барселона му гостува на Атлетико Мадрид во главниот град, а Реал Мадрид патува во Барселона на мегдан со Еспањол.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа