Вардар и Работнички одиграа без победник

 
Вардар и Работнички одиграа без победник 2:2 во дерби дуелот од 29. коло на Првата македонска фудбалска лига, по што промоцијата на вардарци во нов првак е пролонгирана за едно од наредните три кола.
 
Дуелот одигран попладнево на арената “Филип Втори’’ го одбележаа, напаѓачот на Работнички, Чума Анене и вардаровиот фудбалер Јасир Асани, кои постигнаа по два гола.
 
Откако во првото полувреме бранителот на шампионскиот трофеј Работнички беше подобар и поконкретен, вториот дел вардарци беа оние кои доминираа на теренот.
 
„Романтичарите’’ поведоа во 25-минута со голот на Чума Анене, кој во 38-та минута имаше уште една голема можност за погодок, но неговиот удар со глава од пет метри, вардаровиот голман Пачовски успеа да го одбрани, па на паузата меѓу двете полувремиња Работнички замина со предност од 1:0.
 
Во вториот дел. Вардар заигра поконкретно во нападот, а тоа донесе резултат, па со двата гола на Јасир Асани (55 и 75-минута), црвено-црните направија комплетен резултатски пресврт и водство од 2:1. 
 
Сепак само осум минути подоцна сеуште актуелниот шампио Работнички стигна до израмнување со вториот гол на Чума Анене. 
 
На три кола до крајот на првенството, Вардар останува на предност од шест бодови во однос на Работнички.
 
Попладнево беше одигран и натпреварот во Кратово, во кој Силекс загуби од Шкендија со 0:2, а колото ќе биде комплетирано утре со дуелот Металург – Ренова.
 
Табела плеј-оф: Вардар 65 бодови, Работнички 59, Шкендија 53, Ренова 44 (-1 натпревар помалку), Силекс 34 и Металург 33 (-1).
 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 23:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега