Мурињо кажал да за 200.000 фунти неделно!
Тренерот на Челзи Жозе Мурињо се согласил да го продолжи актуелниот договор со лондонскиот тим на уште две години, пренесуваат тамошните медиуми.
Како што се наведува, Мурињо според новиот договор, кој би важел до 2019-та година, би заработувал по 200.000 фунти неделно.
Во првиот дел од својата авантура во Челзи од 2004-та до 2007-ма Мурињо освои две шампионски титули. Тој во Лондон се врати во 2013-та од Реал Мадрид, а со Челзи оваа сезона ја обезбеди титулата.
Преговорите за новиот договор помеѓу раководството на тимот и Португалецот почнале во јануари, а во моментов, според британските медиуми, тоа „парче хартија“ се наоѓа на увид кај адвокатот на Мурињо.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа