Земјотрес го стресе Скопје

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 22 часот и 18 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје, со јачина од 2.5 степени според Рихтеровата скала.

 

Според досегашните макросеизмички податоци, овој земјотрес е почувствуван во југоисточните  делови од Скопје со интензитет од IIIстепени според Европската макро-сеизмичка скала–1998. 

Ова е уште еден во низата земјотреси кои периодов ја стресоа Македонија.

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега