Музика и вино за сечиј вкус - стартува пролетниот вински фестивал
Со настап на The Hounds и гостинот од Црна Гора Бојан Маровиќ денеска почнува Пролетниот вински фестивал што го организира Веро центарот во Скопје.
Посетителите до 10-ти мај ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени и да уживаат во деликатесната храна.
Организаторите, како што велат, се погрижија да има музика за сечиј вкус. Најавуваат настапи на Last Expedition, Cross road Blues Band и Backdoor Band во четврток, како и на Бета Хаус, Миле Кузмановски и Жаре Бербер во петок. Во сабота се Летечки пекинезери, Нина Јанева & 2 Exit и маестро Игор Џамбазов, додека последниот ден на фестивалот е резервиран за македонска етно музика со бендот Калевала, но и со нов проект „Каверленд“, чиј вокал е победничката на Макфест, Александра Јанева.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа