Седум лица тешко повредени во Скопје

 

 

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди, од кои седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 17 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и 10 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на одбележан пешачки премин, односно го управувале возилото под дејство на алкохол. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 28 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.05.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега