Полска: Една жртва, 14 повредени и шестмина уапсени во големите немири по фудбалски натпревар

 

Едно лице го загуби животот, четиринаесет се повредени, а шестмина уапсени, по натпреварот од четвртата фудбалска лига во Полска меѓу Конкордија и Рух.

Локалното дерби во југозападниот дел на Полска, односно во градот Кунрув, заврши трагично за 27-годишен навивач на гостите. Откако педесетина навивачите на гостинскиот тим влетале на теренот, полицијата прво со солзавци, а потоа и со гумени куршуми се обидела да ја запре толпата. 
 
-Откако толпата почна да фрла разни предмети врз полицијата принудени бевме да користиме гумени куршуми. Едно лице беше рането во вратот и однесено во болница. Од болницата подоцна не известија дека тоа починало,  изјави Анджеј Гонски портпарол на локалната полиција во Катовице за полската телевизија „ТВН 24’’.
 
Навивачот на Рух (27), искрварил до смрт уште пред да биде префрлен во болницата, по што толпата од повеќе од 100 хулигани се собрала пред локалната болница и почнала да фрла камења, петарди и молотови коктели врз полицајците, кои биле чувари на влезот во болницата во Кунрув.
 
=Во немирите 14 полицајци се повредени. Повредите не се опасни по живот, а главно станува збор за повреди здобиени од физичка пресметка како и изгореници. Во текот на ноќта полицијата ги уапси шестте најагресивни хулигани, дополни портпаролот на полицијата во Катовице.
 
Воедно, Гонски ги отфрли обвинувањата дека полицијата не обезбедила навремен транспорт и помош за ранетото (сега веќе починато лице), потенцирајќи дека настанот се случил во непосредна близина на екипата на прва помош, која била на стадионот.
 
За, инцидентот од полската полиција најавија истрага и внатрешната контрола веќе почнала распит на очевидците.
 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега