Де Геа во Реал Мадрид за 45 милиони фунти

 

Раководството на англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед е подготвено да го продаде голманот Давид Де Геа на „Реал Мадрид“, само доколку „кралскиот клуб“ плати 45 милиони фунти, пренесува англискиот весник „Сандеј Експрес’’.

Според весникот, договорот меѓу шпанскиот голман и Манчестер Јунајтед истекува следното лето (2016 година), и дека Де Геа не размислува истиот да го продолжи, иако од Манчестер се подготвени да му ја зголемат платата на 200 илјади фунти неделно.

Тоа е една од причините поради која тимот од „Олд Трафорд’’ веќе подготвува и „Б“ план, кој може многу лесно да биде расипан.

Имено, во Манчестер Јунајтед размислуваат за опцијата да го дадат Де Геа и дополнително тие на „Реал“ да му платат за трансфер на Велшанецот Герет Бејл на „Олд Трафорд’’. Сепак, оваа опција е тешко остварлива имајќи ја во предвид информацијата дека за Велшанецот минхенски „Баерн“ веќе подготвил 135 милиони евра.

Инаку Де Геа во 2011 година од „Атлетико Мадрид“ мина во редовите на „Манчестер Јунајтед“, кој пак дозволи шпанскиот чувар на мрежата да настапува како позајмен играч до минатата сезона, по што младиот Шпанец годинава е прва опција меѓу стативите на голот на „Црвените ѓаволи’’.

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 21:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега