„Фрчеа" ли казни за Први Мај во Скопје - колку беа совесни граѓаните?

 

Нема ниедна казна, само опомени за излетниците што деновиве го прославуваа празникот на трудот- традиционално во околината на Скопје . Како што пишува Дневник, одинава граѓаните покажале повисока свест од други години кога станува збор за палење скара во шумско зеленило и валкање на животната средина со отпадоци од остатоците од храна и пијалаци.

- Kомуналните редари цело време патролираа и ги предупредуваа излетниците доколку не се придржуваат кон правилата за оган на отворено, а и оставање смет, дека ќе бидат казнети, изјави градскиот портпарол Неделчо Kрстевски за Дневник.

Портпаролот на општината Ѓорче Птров Момо Николовски, за Дневник рече дека граѓаните биле совесни, но сепак останала работа и за општинските комунални служби.

- Првата награда отиде во рацете на тимот од Ѓорче Петров, втората во Илинден, третата во Kисела Вода и четвртата во Kочани - изјави портпаролот Момо Николовски.

Инаку, претходно од Градот Скопје најавија дека ќе има високи казни за несовесните граѓани. Kазната за запален оган на отворено е 200 евра, а за фрлање отпад - 50 евра.

Извор: ДНЕВНИК

 

 

Оцени ја веста

04.05.2015 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега