ПСЖ и натаму го сака Ди Марија

 

Францускиот шампион Пари Сен Жермен е решен во намерата да го доведе Анхел ди Марија.

Парижаните не успеаја минатото лето да го купат Аргентинецот од клубот Реал Мадрид поради казната од УЕФА.

Како и да е, искусниот Ди Марија со бројни понуди се пресели во Манчестер Јунајтед.

Трансферот на „Олд трафорд“ вредеше 60 милиони фунти, а ПСЖ наводно е подготвен на Јунајтед да му плати 15 милиони помалку.

Ди Марија оваа сезона постигна четири погодоци за Јунајтед, но е прв асистент на екипата со десет наместени голови во Премиер лигата.

Јунајтед во финишот на сезонаа се бори со Манчестер Сити и Арсенал за директен пласман во Лига на шампионите.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега