Крис Пол го елиминираше шампионот
Кошаркарите на ЛА Клиперс се пласираа во полуфиналето на западната конференција победувајќи го Сан Антонио на седмиот меч со 111:109.
Херој на триумфот на Клиперси беше Крис Пол кој на една секунда пред крајот погоди тежок шут преку Тим Данкан за победа.
Крилниот центар на Сан Антонио претходно погоди две слободни фрлања и го изедначи резултатот на 8,8 секунди до крајот.
Сепак, плејмејкерот на Клиперси Крис Пол успеа да погоди од тешка позиција со што му донесе четврто конференциско полуфинале на тимот од Лос Анџелес.
Пол на крајот имаше 27 поени и 6 асистенции, Блејк Грифин забележа трипл-дабл од 24 поени, 13 скокови и 10 асистенции. На спротивната страна Данкан забележа 27 поени и 11 скокови, Паркер уфрли 20, а Ленард забележа 13 поени и 10 скокови.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа