ФОТО: Вака се следеше борбата на векот на Филипините

 

Фолјд Мејведер е победник во борбата на векот против Мани Пакиао.

Мејведер победата ја однесе со едногласна одлука на судиите, односно на поени, по 12 напорни рунди.

Борбата се одржа во МГМ Гранд Арена во Лас Вегас, која беше преполна и покрај тоа што влезниците во препродажба достигнуваа цена од нешто помалку од 200 илјади долари.

poznaci-boks-500

Според информациите, Мани Пакиао потрошил помеѓу 3 и 4 милиони долари за влезници кои ги подарил на своите пријатели и роднини од Филипините. Но, оние кои немаа можност да бидат во МГМ Гранд Арената, организираа групно навивање.

bijonse-500

Во Лас Вегас, пак, бокс-мечот на векот го привлече вниманието на најголемите ѕвезди во светот, од шоу бизнисот, спортот, музиката...

dzordan-500

Меѓу најпознатите присутни беа легендарниот Мајкл Џордан, потоа Џеј Зи и Бијонсе, Џастин Бибер, Дензел Вашингтон, како и многу други холивудски ѕвезди.

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега