Флојд Мејвејдер успеа на поени да го совлада Мани Паквајо во историскиот бокс меч одржан ноќеска во Лас Вегас.
Сите тројца судии му дадоа предност на Мејвејдер на крајот од мечот: 118:110, 116:112 и 116:112. Паквајо не ја прифати оваа судиска одлука, додека Мејвејдер му одаде признание на ривалот.
Со ова 38-годишниот Американец Мејвејдер ја продолжи низата победи во професионалната боксерска кариера (48-0). За Паквајо ова беше шести пораз во својот 65.ти меч во кариерата.
Мејвејдер успеа да го „погоди“ противникот 148 пати од 435, додека Паквајо имаше 81 од 429.
Дел од борбата му припадна на Мејвејдер, а во финишот неговиот противник беше нешто поактивен.
Победникот Мејвејдер го освои и појасот со 3.000 смарагди и секако титулата „најдобар боксер без разлика на категоријата“.
]
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа