Јувентус ја одбрани титулата во Серија А
Екипата на Јувентус е стар-нов шампион на Италија откако вечерва во првиот натпревар од 34.коло на Серија А ја победи Сампдорија како гостин со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Артуро Видал во 32.минута. „Старата дама“ на четири кола пред крајот ја обезбеди новата титула. За Јувентус ова е вкупно 33.титула шампион на Италија или четврта во серија од 2011 до 2015 година.
Вечерва од 20:45 часот на програмата е дуелот Сасуоло – Палермо.
Утре се играат натпреварите: Рома – Џенова, Аталанта – Лацио, Фиорентина – Чезена, Интер – Киево, Верона – Удинезе и Наполи – Милан.
Каљари – Парма од оваа рунда играат во понеделник, а Торино – Емполи во среда.
Табела: Јувентус 79 бодови, Лацио 62, Рома 58, Наполи 56, Сампдорија 51, Џенова 50, Фиорентина 49, Интер 48,Торино 48
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа