Хет –трик на Роналдо за победа над Севиља

 

Екипата на Реал Мадрид остана на два бода помалку од Барселона откако во дуелот од 35. коло благодарение на хет – трикот на Кристијано Роналдо ја совлада Севиља со 3:2 на гостински терен.

Реал поведе со головите на Роналдо во 36.та и 37.та минута со 2:0, а Карлос Бака од пенал намали на 2:1 во финишот на првиот дел (45+2 минута). Во 68.та минута Роналдо го постигна и својот трет гол, а конечните 2:3 ги постави Винсенте Ибора (79.минута).

На другите дуели од ова коло: Депортиво – Виљареал 1:1, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао 0:0, Кордоба – Барселона 0:8 и Реал Сосиедад – Леванте 3:0.

Денеска се играат четири натпревари: Еспањол – Рајо Ваљекано, Хетафе – Гранада, Валенсија – Еибар и Малага – Елче. В понеделник играат Алмерија – Селта.

Табела: Барселона 87 бодови, Реал Мадрид 85, Атлетико Мадрид 76, Валенсија 69, Севиља 69, Виљареал 54

 

 

Оцени ја веста

03.05.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега