Машката ракометна репрезентација допатува во Тулуз

 
Машката ракометна репрезентација на Македонија допатува во Тулуз, каде утре го игра натпреварот од 4.коло од квалификациите за Европското првенство 2016 година во Полска. Противник е светскиот шампион Франција. На 29 април во Скопје по голема борба „триколорите“ постигнаа победа (27:25).
 
На дуелот во Тулуз Французите се апсолутни фаворити. Македонската селекција со една промена во однос на скопскиот дуел ќе настапи во Франција. На местото на повредениот Наумче Мојсовски во составот ќе биде Филип Талески. Повредата на рамото на шутреската рака го спречи Мојсовски да биде во игра и во вториот дел на првиот натпревар на овие две селекции.
 
Промени има и кај Франција, па така селекторот Клод Онеста поради повреди нема да може да смета на Ксавиер Бараше и на Вилијам Акрамбе. Ново име во францускиот тим ќе биде Адриен Дипанда.
 
Натпреварот Франција – Македонија се игра во Тулуз (почеток 17 часот), градот каде игра и македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски, а според најавите салата со капацитет од околу 4.000 гледачи ќе биде полна бидејќи влезниците од порано биле распродадени.
 
Во вториот дуел од нашата група Чешка е домаќин на Швајцарија и овој дуел се игра во недела. 
 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега