Работнички и Силекс го отвораат фудбалскиот плеј оф

 
Со натпреварот меѓу Работнички и Силекс што се игра попладнево на теренот на ФФМ во Скопје ќе стартува фудбалскиот плеј оф каде најдобрите шест екипи ќе разигруваат за шампионската титула. Почетокот на дуелот е во 16 часот.
 
Утре во истиот термин во Куманово играат Шкендија и Ренова, додека од 18 часот на Националната Арена „Филип Втори“ Вардар го пречекува Металург.
 
Табела плеј оф: Вардар 61 бод, Работнички 55, Шкендија 47, Ренова 44, Силекс 34, Металург 33.
 
В недела во терминот од 16 часот се играат и натпреварите од плеј аутот (лигата за опстанок). Брегалница во Штип е домаќин на Тетекс, а Хоризонт во Турново го пречекува Пелистер.
 
Табела: Брегалница 30 бодови, Хоризонт Т. 30, Пелистер 23, Тетекс 11.
 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега