Конечно победа за Олимпик Марсеј

 

Екипата на Олимпик Марсеј ја прекина серијата од четири натпревари без победа и синоќа во првиот дуел од 35.коло од Лига 1 како гостин ја совалда екипата на Мец со 2:0. Стрелец на двата гола беше Андре-Пјер Жињак во 38.та и 62.та минута. Со овој триумф Олимпик Марсеј остана во конкуренција за место во Лигата на шампионите, додека Мец ги намали шансите за опстанокот во лигата.

Денеска се играат шест дуели од оваа рунда: Олимпик Лион – Евиан, Бастија – Сент Етиен, Генгамп – Ремс, Лориен – Бордо, Монпеље – Рен и Ница – Каен. Колото ќе биде комплетирано со утрешните три натпревари: Лил – Ленс, Монако – Тулуз и Нант – ПСЖ.
Табела: ПСЖ 71 бод, Олимпик Лион 68, Монако 62, Олимпик Марсеј 60, Сент Етиен 60, Бордо 55,..

 

 

Оцени ја веста

02.05.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега