ВИДЕО: Фановите на Локерен ја пееја „ You'll Never Walk Alone “ во чест на Мертенс
Почина фудбалерот на Локерен Грегори Мертенс (24), кој доживеа срцев удар за време на натпревар.
-Со голема тага соопштуваме дека го загубивме Грегори Мертенс. Му посакуваме на неговото семејство и на неговите пријатели да останат силни, се вели во соопштението на Локерен.
Мертенс во понеделникот доживеа срцев удар за време на натпревар, лекарите му укажаа помош на теренот и итно беше префрлен во болница. Од тогаш тој беше во вештачки предизвикана кома.
Во негова чест, на последниот меч фановите на Локерен ја испеаја „You'll Never Walk Alone “.
Оцени ја веста
02.05.2015 - 11:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа