Во новиот објект на Гинекологија-Чаир на свет дојде првото бебе
Денеска здраво машко бебенце се роди во новиот објект на Гинекологија – Чаир.
Мајката и бебенцето кое е родено во 9 часот се чуствуваат одлично, а беа посетини од страна на министерот за здравство Никола Тодоров.
- Клиниката за гинекологија и акушерсто „Мајка Тереза“ во Чаир има најсовремена опрема како што доликува на една современа гинеколошка установа. Со години на ова место имаше само изградена карабина, а сега има целосно опремена гинеколошка установа, истакна Тодоров.
Во посета на првата родилка во новиот објект беше и градоначалникот на Чаир Изет Меџити.