Македонија го пречекува светскиот првак Франција

Светскиот ракометен шампион Франција вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде гостин на македонската репрезентација.

Селекторот на Французите Клод Онеста со најсилниот состав предводен од Никола Карабатиќ, Тиери Омејер, Даниел Нарцис, вчера попладнето допатува во Скопје.

„Триколорите“ се апсолутни фаворити, но во таборот на нашата репрезентација најавуваат дека ќе се борат максимално, со можност да се стигне до позитивен резултат.

Македонскиот селектор Ивица Обрван поради повредите на Наумче Мојсовски и на Велко Маркоски беше принуден во составот да го повика и ракометарот на Металург Филип Талески.

Почетокот на дуелот е во 20:15 часот.

Од нашата група вечерва во Шафхаузен играат Швајцарија и Чешка.

 

 

Оцени ја веста

29.04.2015 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега