Министерот Сарачини во посета на Универзитетот на ЈИЕ
Денеска министерот за економија Ваљон Сарачини ќе го посети Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Министерот ќе учествува на свечената инагурацијата на фотонапонска централа со моќност од 100 kw кои се користат за добивање електрична енергија од Сонцето, изградена во внатрешноста на универзитетскиот кампус.
Министерот Сарачини во текот на посетата на УЈИЕ во Тетово, ќе се сретне со ректорот на Универзитетот, Замир Дика, а ќе ќе се обрати и пред присутните.