Журнал: Физичкиот напад врз новинарот Димитриевски е политичка нарачка?

 

Провокациите и уследувањето на физички напад врз новинарот Антонио Димитриевски од страна на братучедот на Шекеринска, Никола Наумовски се чини дека се најмалку наивни, а уште помалку случајни, пишува порталот Журнал

Вчера вечер по неуспехот на референдумот во Центар давајќи изјава, до Андреј Жерновски стоеше токму Никола Наумовски што кажува дека тој иако сакајќи да се престави како дел од некакво независно невладино движење во чија независност никој не верува, тој всушност бил дел од штабот на Жерновски.

Оттука, дополнително се зголемува скандалот со нападот на Наумовски врз Димитриевски што се случи во петокот.

Јасно е дека братучедот на Шекеринска бил пред радиото РСМ со цел да предизвика намерно инцидент. Уште поголема дилема е дали се работи за политичка нарачка да се нападне новинарот со цел да се привлече внимание на јавноста?

 

 

Оцени ја веста

27.04.2015 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега