Оставка на Жерновски по поразот на референдумот во Центар
Еден од главните опозициски новинари и поддржувач на политиките на СДСМ, Зоран Димитровски- Жоро од Фокус преку својот Фејсбук профил побара градоначалникот на Центар Андреј Жерновски да си поднесе оставка.
-Жерновски да си поднесе оставка! Тоа е најмалку што може да го направи во моментов!, напиша Димитровски.
Подоле во коментарите Димитровски допишува дека Жерновски и нанел штета на опозицијата и дека е јасна волјата на граѓаните.
-Жерновски треба да сноси одговорност зашто сметам дека и нанесе штета на опозицијата, додава опозицискиот новинар.
За потсетување, референдумското прашање на Жерновски за зачувување на изгледот на ГТЦ доживеа огромен неуспех, дури 60% од граѓаните не ја поддржаа иницијативата на Жерновски.
Вечерва врие во СДСМ: Дебаклот во Центар ја вжешти атмосферата на Бихаќка
Мицковски: Ова е пораз за цела опозиција и нејзините бомби
ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството во Центар и кажа „не“ на опозицијата - Жерновски да почне нешто да работи
На опозицијата повторно народот и е крив
Граѓаните ја казнија деструктивната политика на СДСМ - фијаско на референдумот на Жерновски
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа