На опозицијата повторно народот и е крив
По неуспешниот референдум на општина Центар за ГТЦ, опозицијата повторно со стариот стил- народот и е крив.
По фамозната изјава на Бранко Црвенковски со која ги навреди и омаловажи граѓаните дека "народот е во право и кога греши", по дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар опозицијата повторно го обвинува народот.
Главниот стратег на опозицијата Бранко Героски во својата колумна покрај тоа што ја критикува опозицијата дека била неспособна да изработи успех на референдумот, не пропушти повторно да ги обвини и граѓаните. Тој вели дека граѓаните го предадоа ГТЦ.
-Неуспешниот референдум ја легитимира намерата на власта ГТЦ да го окова во барок. Резултатот значи дека центарци не се доминантно определени да се сочува автентичниот изглед на ГТЦ. Со други зборови, Груевски науми да го упропасти, но ние го предадовме ГТЦ. Да биде јасно!, напиша Героски.
Очигледно опозицијата никако да ја научи лекцијата дека вината за поразите кои ги доживува во низа, од кои овој со референдумот е 11-ти пораз, не е во народот туку само во нивните редови кои промовираат деструктивна политика, нелегални методи и никогаш не предложиле програма и проекти од кои корист ќе има народот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа