Груевски: СДСМ го заглави Охрид во долгови тешки 50 милиони евра

 

СДСМ го заглави Охрид во долгови. Партијата која е сега во опозиција успеа да направи неверојатни 50 милиони евра долг, рече премиерот Никола Груевски во своето обраќање денеска пред охриѓани.

„Е драги мои, овие луѓе кои неодамна имаа настан овде се од таа истата опозиција која го заглави Охрид во над 50 милиони евра долгови од кои глава не можеме да кренеме веќе две години. Долг кој го враќа локалната самоуправа и досега долгот е намален за 3 милиони евра, а исплатени се над 8 милиони евра камати.
Е тоа е истата опозиција која го удави Охрид во криминалии, во перење пари, во незаконски набавки и договори, истата опозиција која шуруваше со подземјето, чии експоненти со нога ја отвораа вратата на градоначалникот, го киднапираа и третираа како измеќар, град во кој избори на СДСМ истите тие од подземјето му ги добиваа со купување гласови, со притисоци и закани кон граѓаните од сите заедници, а за возврат добиваа тендери и бизниси со општината, си креираа и договараа задолжувања и на најбрутален и безобразен начин го клекнаа Охрид на колена.
Е тие луѓе сакаат охриѓани да заборават. Да заборават на сите криминалии и глупости на поранешниот градоначалник, на сите тие ликови кои го третираа Охрид како нивна приватна своина која треба да ја раскрчмат и ограбат.
Но Охрид не само што не заборава, Охрид враќа, и затоа на изборите ВМРО – ДПМНЕ победи со толку голема разлика, затоа во два изборни циклуси по ред, разликата во гласови е толку голема што не можат да најдат ниту еден единствен, ниту меѓу нивните, кои би им поверувал дека сме победиле заради нешто друго.
Охриѓани враќаат и тоа така треба. И ние сме свесни за тоа. Како што сме свесни и за очекувањата кои Охриѓани ги имаа од нас и од градоначалникот, очекувања кои беа доста високи, и со право високи.
Охрид заслужува повеќе, и ние навистина правиме максимум колку што можеме да помогнеме во повеќе области каде тоа е возможно.
Свесен сум дека има доста проблеми, свесен сум за секојдневието во Охрид, знам најизворно за вашите проблеми и знам дека мора да направиме нешто повеќе, иако и досега направивме многу нешта.“ – рече премиерот Груевски

 

 

 

 

Оцени ја веста

25.04.2015 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега