Друловиќ го носи Павловски во Македонија?!
Македонија и Србија пред неколку години беа во трка за фудбалерот на Порто Марко Павловски, кој на крајот се реши да го облече дресот на младинската селекција на нашиот сосед.
Павловски со новиот селектор на Македонија, Љубинко Друловиќ во 2013-та година, со селекцијата на Србија за играчи до 19 години го освоија Европското првенство. Веднаш потоа, играчот за врска се пресели во Порто, но не успеа да обезбеди место во најдобриот состав на славниот португалски тим.
Тој има желба да игра и за сенирскиот тим на Србија, но сепак неговата кариера не се одвиваше како што многумина очекуваа. Веројатно сениорскиот дрес на нашата селекција ќе биде еден вид излез од кризата.
-Знам дека го сакаат и дека еднаш се обиделе да го ангажираат, но во текот на нашите преговори никој тоа не го спомна, вели за „Информер“ новоименуваниот селектор на Македонија Љубинко Друловиќ.
-Павловски има македонски корени. Тие во тоа гледаат шанса да ги добијат неговите услуги. Ќе видиме што ќе се случи. Марко секогаш играше за Србија со голема страст, а знам дека сакаше да игра и за сениорскиот тим, додава Друловиќ.
Инаку, Павловски уште во 2012-та година доби покана од тогашниот селектор на Македонија Чедомир Јаневски, но тој тогаш одби да настапи за нашата репрезентација.
Во меѓувреме неговата кариера тргна во надолна линија, па оваа сезона во втората португалска лига за Б-тимот на Порто одигра 16 мечеви од вкупно 40. Според достапните информации Павловски на овие натпревар постигнал два гола и наместил уште два.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа