Металург 13-ти во историјата на европскиот ракомет

Специјализираниот интернет сајт за статистика „Еurotopteams.com“ ја објави листата на ракометните клубови според нивниот учинок во европските натпреварувања.

Според најновата листа, се уште актуелниот шампион на Македонија Металург е 13-ти ракометен тим во историјата на европскиот ракомет, се разбира според учинокот на европската сцена.

Вардар се најоѓа на 17-тото место, кој напредуваше неколку места, откако претходно беше рангиран на 25-тата позиција. Во Топ 100 клубови во Европа се наоѓа уште еден тим, а тоа е Зомимак кој на оваа листа се најде на 92.место.

Најдобриот тим е Кил, следува Барселона, па Веспрем и Фленсбург, а петорката ја комплетира Хамбург.

Македонија се наоѓа на осмото место на листата на држави според учинокот на нивните клубови во европските натпреварувања.

Целата листа можете да ја погледнете на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

24.04.2015 - 10:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега