Ангелов пласираше дезинформација за да сокрие дека Заев стои зад срамното сценарио

 

Опозициските новинари кои се под закрила на фондацијата СОРОС, опозициски аналитичари и луѓе блиски до СДСМ, очигледно координирани од еден ист центар веднаш по инцидентот во Гошинце излегоа со оркестрирани ставови и напади кон Владата.

За координираниоста на изведувањето на ова сценарио од страна на опозицискиот лидер Зоран Заев, првиот човек на Соросовата фондација Владимир Милчин и нивните партнери од опозицијата говори и фактот што сосема тенденциозно Стојанче Ангелов уште пред неколку недели пушти информација дека Владата спремала фингирани инциденти, чија цел наводно била покривање на актуелните теми.

Ангелов тогаш рече дела добил информација дека им се „дадени 2 милиони евра на албански криминалци, кои не се од УЧК, за да извршат убиства и да направат тензии, да се направи злостор“. 

Според познавачите, Ангелов намерно ја пласираше оваа дезинформација за на тој начин да се обиде да ја дефокусира јавноста од тоа дека никој друг освен Заев и СОРОС стојат позади ова срамно сценарио.

Целта на опозициските структури, во кои спаѓа и Ангелов, им беше да спинуваат и да затскријат дека тие ова го подготвуваа и почнаа да го спроведуваат. Инцидентот во Гошинце спремно беше дочекан од опозициските новинари, кои веднаш излегоа со ставови, колумни, анализи... очигледно добро претходно подготвени и координиран за оркестриран напад.  

 

 

Оцени ја веста

21.04.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега