Милошоски: Со нелегални материјали Заев и Шекеринска сакаат да си ги покријат поразите
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека со целото ова сценарио при објавување на монтираните материјали, Заев и Шекеринска сакаат да ги покријат катастрофалните порази.
-Цел овој проект кој го прават сега, целите овие нелегални и монтирани прислушкувања имаат најголемо значење за Заев и за Радмила Шекеринска како да ги покријат поразите што ги доживеаја во2014-та, 2013-та, 2011-та, во 2008-ма и 2006-та година. ВМРО-ДПМНЕ не победи вчера, па да им биде чудно. ВМРО-ДПМНЕ победува од 2006-та и тоа веќе стана нормално, затоа што работи, остварува и затоа што тоа што ќе го вети, го реализира. За разлика од СДСМ, кои што тврдат дека народот е во право, дури и кога греши и затоа не победуваат, ВМРО-ДПМНЕ смета дека народот е секогаш во право, рече Милошоски.
Пратеникот испрати порака до Зоран Заев во која му вели дека со шпионирање не се станува премиер.
Милошоски зборувајќи за капиталните инвестиции што ги реализира Владата, нагласи дека три крупни проекти ќе овозможат огромен бенефит за жителите од струшкиот регион.
- Струга ќе биде поврзана со автопат. Тоа ќе значи побезбеден сообраќај, подобар туризам, побрзо стигнување каде што треба. За автопатот, за делницата Струга-Требеништа ќе се инвестираат 45 милиони евра. Тие средства ќе завршат кај субјектите од Струга и околината кои работат на делницата. Вториот капитален проект е најавената и веќе отпочната инвестиција на „ОДВ електрик“ од 15 милиони евра. Веќе се реализирани 15 вработувања, а бројот на вработените треба да се искачи до 1000. Третата капитална инвестиција е „Костел“, станска инвестиција во вредност од 80 милиони евра. И таму се почнати првите вработувања, рече Милошоски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа