Владата во ново руво - започна реконструкцијата на фасадата

Започна реконструкцијата на фасадата на Владата на Република Македонија.

Проектот ќе опфати целосна реконструкција на старата и дотраена фасада, и очекувањата се дека во зависност од временските прилики ќе се реализира во наредниот едногодишен период.

-„Реализацијата на целиот проект ќе се одвива во три фази, првата која ќе биде конструктивниот дел, втората е нанесувањето на фасадата и третиот дел е самата илуминација, односно осветлување на објектот. Целокупните градежни активности ќе чинат 9 299 052 евра, со вклучен ДДВ“, стои во соопштението од Владата.

- „Фирмата изведувач е избрана на тендер распишан на 04.01.2013 година, а отворен на 22.02.2013 година. Во тендерската постапка се пријавија 4 фирми, по што следуваше електронска аукција која се одржа на 14.03.2013 година. Одлуката за избор на најповолниот понудувач беше направена на 27.03.2013 година“, се додава во соопштението.

најчитано сега